Со дефиле под маски денеска почнува Вевчанскиот карневал
Со традиционалното дефиле под маски, кои на сатиричен начин ќе ги прикажат случувањата во јавниот и политичкиот живот, како во земјава, така и во странство во изминатата година, денеска напладне ќе се одржи официјалниот дел од Вевчанскиот карневал...

Со традиционалното дефиле под маски, кои на сатиричен начин ќе ги прикажат случувањата во јавниот и политичкиот живот, како во земјава, така и во странство во изминатата година, денеска напладне ќе се одржи официјалниот дел од Вевчанскиот карневал.
Дефилето почнува околу 14 часот од почетокот на селото, движејќи се низ главната улица до центарот, каде маскираните го вртат Василичарското оро.
Преку маските вевчанци испраќаат силни пораки да биде годината бериќетна, да има среќа, здравје и да се променат негативните работи во општеството.
Традиционалното дефиле завршува утре со василичарското оро и со палење на маските. Годинава во организацијата помогна и државата со финансиски средства.