Одржан 18 Европски куп на 10 км, АФМ го положи испитот со висока оценка

08.06.2014 16:15

Кралицата на спортовите блескаше со сиот сјај во речиси идеалните услови кои владеат на тартанот на Националната арена Филип 2 Македонски.Сочетирите трки на10 000 метри во рамки на 18 Европскиот куп се одбележа досега најголемиот атлетски настан во земјава, на кој настапија вкупно 88 атлетичари од 22 земји.

Кралицата на спортовите блескаше со сиот сјај во речиси идеалните услови кои владеат на тартанот на Националната арена Филип 2 Македонски.Сочетирите трки на10 000 метри во рамки на 18 Европскиот куп се одбележа досега најголемиот атлетски настан во земјава, на кој настапија вкупно 88 атлетичари од 22 земји.

Поради бројноста на учесниците се одржаа по 2 трки и кај мажите и кај жените, а според очекувањата многу подобри резултати беа забележани во “А“ елитната конкуренција. Кај мажите доминираа Турците, кои ги имаа најдобрите двајца атлетичари. Арикан Полат Кембои триумфира со 28 минути 17 секунди и 14 стотинки и дојде до вториот златен медал во кариерата по оној во 2012 година. Кембои победи со 68 стотинки предност во однос на сонародникот Али Каја, а трет беше Јасин Мандур од Франција. Благодарение на времето на седмопласираниот Мехмет Акјун, Турција дојде до убедлив триумф во екипна конкуренција за првпат во историјата, пред минатогодишниот победник Италија и тимот на Украина, кој заврши на третото место. Во женска конкуренција, французинката Калвин Клеменс ја оствари својата прва победа со личен рекорд од 31 минута 52 секунди 86 стотинки, пред фаворизираните Португалки Џесика Агусто и Сара Мореира, која е поранешна двојна шампионка во оваа дисциплина. Затоа пак екипно Португалките убедливо беа најдобри и дојдоа до јубилејниот 10 златен медал, прв по четиригодишна пауза. Втора беше Франција, а трета селекцијата на Шпанија. Нашите претставници ги комплетираа 10 те километри, но завршија на 35 позиција, кај мажите не преставуваше Кокан Ајановски, а кај жените Росица Костова. 

АФМ се покажа во најдобро можно светло и ги презентира условите на нашиот најголем стадион на највисоко можно ниво.Со помош на голем број волонтери и атлетски ентузијасти го организира Европскиот куп кое е неофицијално европско првенство, иако првпат се соочи со ваква одговорна задача. Општотозадоволствоод одработеното треба да резултира во блиска иднина Македонија да добие уште некое врвно меѓународно натпреварување, што го потенцираа и атлетичарите, и високите гости од ЕААФ.