Започнаа партиските комбинаторики пред претстојните избори
Две недели пред формирањето на техничката влада, нема јасна слика за составот на владиниот кабинет. Помалку од пет месеци до парламентарните избори нема ниту одлука околу коалициите, кој со кого би настапил на изборите. Партиските комбинаторики се во полн ек, се прават анкети, според аналитичарите клучни кој со кого ќе трча по гласот на граѓаните...

На помалку од 5 месеци до избори во полн ек партиските комбинаторики. Кој со кого да коалицира за да се стигне до повеќе гласови. Анкетите се показател, но крајниот резултат е неизвесен сè додека граѓанинот не пресече. Останува отворено за владејачките партии дали ќе се тркаат заедно на цела територија или тоа ќе го сторат само во неколку изборни единици. Истото е и со опозицијата.
Тројката албанска опозиција отиде чекор понатаму што на своите изборни листи најави и луѓе блиски до косовскиот премиер Курти и неговото самоопределување. За аналитичарите тоа е погрешен чекор. Први за меѓуалбанските односи во регионот, но и меѓу државите на Балканот – смета аналитичарот Сефер Селими.
Додека се чека формирањето на техничката влада, која најверојатно е последна бидејќи партиите се согласни дека ваква влада е непродуктивна, останува на партиите да анализираат дали е подобро на следните избори да истрчаат сами или во коалиција.
Миле Ристески
