Енергетика

И натаму неизвесна судбината на проектот „Чебрен“

13.01.2024 13:12

Ќе се оствари ли барањето на инженерската фела проектот Чебрен да го реализира државата откако пропадна и 14. тендер. Веќе подолг период со аргументи и анализи за состојбите во електроенергетскиот сектор ја убедуваат власта за значењето на овој стратешки објект и бара изградбата да се финансира од државни средства...

Македонија може и треба сама да го изведе капиталниот проектот Чебрен, став на дел од експертската јавност, откако пропадна 14-тиот обид за започнување со грчка концесија. При носењето на одлуките, треба да се земе предвид територијалната целина на државата, се вели во иницијативата на здружението на инженери. Чебренм ќе биде наш и ние ќе го раководиме, а придобивките се економски и социолошки, вели за македонската телевизија професорот Константин Димиров, член на здружението.

На иста линија е и поранешниот министер за финансии, Џевдет Хајредини. И тој смета дека Македонија може самостојно да ја изгради хидроцентралата, со подолг рок од десетина години. Воопшто не треба да има дилема за тоа дека Чебрен треба да се гради самостојно, без странски концесионери.

Хајредини со критика до сите досегашни владејачки гарнитури, за тоа што, како што вели, ништо не е направено во изминативе 30 години за реализација на проекти за енергетска независност. Но, никогаш не е доцна да се почне, вели тој.

Основен проект за изградба на ХЕЦ „Чебрен“ е направен во 1963 година, а идеен проект во 1965 година.

 

Марија Котовска