Тетово

Повредените во пукањето во Тетово се борат за живот

13.01.2024 13:38

Двајцата браќа од тетовско Гајре кои беа повредени во престрелката пред Ургентниот центар во кругот на тетовската болница – сè уште се во критична состојба...

Двајцата браќа од тетовско Гајре кои беа повредени во престрелката пред Ургентниот центар во кругот на тетовската болница – сè уште се во критична состојба.

Едниот од нив има е со тешки прострелни рани во градниот кош и во стомакот, хоспитализирани се на КАРИЛ. Пукањето се случило на 11-ти јануари околу 18 часот, упасени се четворица.

Според министерот за здравство Меџити на инцидентот му претходеле лични нерасчистени проблеми меѓу инволвираните и дека нема никаква врска со болницата. Кој пукал и што бил мотивот за престрелката ќе биде познато по расчистување на случајот.