Без забавна програма и без традиционалното оро во центарот, се одржува Вевчанскиот карневал
Смртта на 19 годишно момче од Вевчани, во сообраќајка синоќа го засени карневалот. На падините на Јабланица денес не одекнуваат зурлите и тапаните...

За прв пат во Вевчани денес не се одигра Василичарското оро. Радоста и вревата на Вевчанскиот карневал, исчезна поради трагичната смрт на 19 годишното момче, синот на поранешниот пратеник Крсто Мукоски, кој синоќа загина во тешка сообраќајна несреќа.
Карневалот го предводеа зурли и тапани, но со едноминутно молчење на плоштадот Василичарите оддадоа почит на прерано згаснатиот живот. Општината и угостителските објекти ја откажаа музиката.
Василичарите велат и покрај трагедијата остануваат верни на традицијата испратија, досетливи пораки од најстарата карневалска манифестација.
„За овие изминати 30 години преокупација на политичарите им беше сè ова што е напишано. Почнувајќи од врвот па се до дното“, вели еден василичар.
„Живот во Македонија, среќата добивка, така дојде државата нема услови не дава пари ние си ја бараме среќата на машините државна лотарија на Македонија“.
„Јас сум генерал Стојанче Агелов моментално сум во Вевчани по можност да ги избркаме мечките да им кажеме дека овде нема храна овде има вино и ракија“.
Мештаните и посетителите велат не паметат ваква тажна Василица.
Илјадници посетители беа дел од Вевчанскиот карневал, познат по уникатните пагански обичаи и ритуали кои се сметаат за традиција стара 1.400 години.
Соња Рилковска
