Василица
Со делење бурек со паричка во Прилеп се одбележа Василица
13.01.2024 16:09
Традициите и обичаите се силни во Прилеп. Прилепчани за Василица, или Стара нова година ја побараа среќната паричка. Во центарот на градот беа поделени околу 500 парчиња бурек. Потрагата по среќата е вечна, велат граѓаните, а традициите и обичаите ја зголемуваат надежта...

Прилепчанецот Љупчо Трајкоски ја пронајде среќната паричка на денешната манифестација „Заедно за Василици“ во Прилеп. Ова му е првпат во животот да има среќа со паричката. Радоста ја споделува со сите.
Повеќе од 500 парчиња бурек им беа поделени на прилепчани на платото пред градскиот саат. Добија и топли напитоци.
Граѓаните сакаат да се одржуваат традициите.
Утре на Василица семејството ќе седне заедно да ја побара паричката за среќа.
Елизабета Митреска
