На тајванските претседателски избори победи Лаи Чинг-те
Кандидатот на владејачката партија Лаи Чинг-те излезе како победник на претседателските избори во Тајван, а неговите противници го признаа резултатoт што ќе ја зацрта траекторијата на односите на островот со Кина во следните четири години...

Кандидатот на владејачката партија Лаи Чинг-те излезе како победник на претседателските избори во Тајван, а неговите противници го признаа резултатoт што ќе ја зацрта траекторијата на односите на островот со Кина во следните четири години.
„Ние и покажавме на меѓународната заедница дека помеѓу демократијата и авторитаризмот, ние сè уште стоиме на страната на демократијата. Ќе постапувам во согласност со нашиот демократски и слободен уставен поредок на начин кој ќе биде избалансиран и ќе го одржува статус квото меѓу теснецот. Во исто време, ние сме исто така решени да го заштитиме Тајван од континуираните закани и заплашувања од Кина“, изјави Лаи Линг-те-победник за претседател на Тајван.
За време на кампањата, освен прашањето за односите со Пекинг, во фокусот беа економските теми и високите цени на недвижностите. Речиси 20 милиони луѓе имаа право на глас. На парламентарните избори учествуваа три партии кои немаат можност да освојат мнозинство.
