Свет

Бајден: Не ја прифаќаме независноста на Тајван

13.01.2024 20:05

Американскиот претседател Џо Бајден рече дека САД не ја поддржуваат независноста на Тајван...

Американскиот претседател Џо Бајден рече дека САД не ја поддржуваат независноста на Тајван, откако тајванските гласачи и дадоа трет претседателски мандат на владејачката партија на островот, а американскиот државен секретар додаде дека САД остануваат посветени на мирот и безбедноста во регионот.

„Не ја поддржуваме независност“, рече Бајден.

Лаи Чинг-те освои над 40 проценти од гласовите на избирачите, додека неговиот најголем противник што се залага за враќање на Тајван под Кина, изгуби со освоени околу 35 проценти од гласовите. Над 20 милиони гласачи во Тајван избираа помеѓу мир и војна според официјален Пекинг. Новиот тајвански претседател кого Кина го смета за сепаратист вети дека ќе го заштити островот од кинеските закани.