Прилеп

Потребна целосна заштита на локалитетот „Црн камен“

14.01.2024 10:21

Се бара да престанат копањата на светски раритетниот, богат со 20 минерали, локалитет во прилепско – „Црн камен“. Таму е пронајден и единствениот минерал „Македонит“. Тампон за автопатот „Прилеп-Битола“, фирмата „Бехтел и Енка“ може да најде на друго место. Со реакциите, државата експресно заштити дел, ама се бара заштита за целиот локалитет на 2 километри...

Се уништува редок светски локалитет со минерали за тампонирање на автопатот Прилеп-Битола што го гради фирмата „Бехтел и Енка“, реагираат од прилепскиот Комитет за заштита на природното и културното наследство. Локалитетот „Црн камен“ или „Каракамен“ со децении е познат во стручната јавност каде на 2 километри има 20-тина минерали, а меѓу нив е светски раритетниот Македонит. Никој не е против да се бара тампон за автопатот, но на друго место.

По првичната реакција, институциите експресно реагирале – заштитен е дел од 40.000 метри квадратни. Но целиот локалитет е недоистражен.

Локалитетот „Црн камен“ е на сличен ранг со Алшар. Со децении е мета на светски геолози и научни трудови.

Останува барањето државата да го заштити целиот локалитет како културно и светски раритетно геолошко богатство.

 

 

Елизабета Митреска