Временска прогноза

Наутро минусни температури, преку ден сончево со локална облачност

14.01.2024 07:06

Утрото студено, преку денот сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб, а во западните делови умерен ветер од западен правец...

Утрото студено, преку денот сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб, а во западните делови умерен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од-12 до-6, а максималната ќе достигне од 2 до 8 степени.

Во Скопје претежно сончево и тивко. Минималната температура ќе се спушти до-8, а максималната ќе достигне 5 степени.

Во понеделник и вторник времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од снег на планините и повисоките места, особено во западните делови каде што ќе се формира нова снежна покривка.