Македонија
И дијаспората бара одложување на рокот за вадење нови пасоши
14.01.2024 09:12
Македонската дијаспора бара пролонгирање на рокот за важноста на пасошите. Велат дека нема време да се променат личните документи до февруари, а не знаат како ќе влезат во Македонија со истечени патни исправи...

Македонската дијаспора бара пролонгирање на рокот за важноста на пасошите. Велат дека нема време да се променат личните документи до февруари, а не знаат како ќе влезат во Македонија со истечени патни исправи.
Во отвореното писмо до Спасовски нагласуваат дека ако не им важат документите, нема ни да можат да дојдат да гласаат на изборите.
Бараат да се воведат онлајн услуги за обновување документи со верификација на ликот и отпечаток од прст и вработување стручен персонал во сите македонски амбасади и конзулати.
