Израел

Нетанјаху: Му реков на Блинкен дека ова не е само наша војна, туку и американска

14.01.2024 09:45

Премиерот Нетанјаху изјави дека му рекол на американскиот државен секретар Блинкен оти „ова не е само војна на Израел, туку е и американска војна...

Премиерот Нетанјаху изјави дека му рекол на американскиот државен секретар Блинкен оти „ова не е само војна на Израел, туку е и американска војна“. На пат сме кон победата и нема да застанеме додека не оствариме победа. Нема да правиме компромиси и нема да застанеме, додаде Нетанјаху.

„Ова е војна против оската на злото предводена од Иран и неговите три филијали, трите Х, како што јас ги нарекувам – Хезболах, Хамас, Хутите. Ниту за момент не заборавам дека покрај војната во Газа, покрај враќањето на киднапираните и безбедното враќање на жителите во нивните домови, и на север и на југ, ние сè уште имаме егзистенцијална мисија да го спречиме Иран да добие нуклеарно оружје“, изјави Бенџамин Нетанјаху, премиер на Израел.

Коментирајќи го судењето за геноцид во Хаг пред Меѓународниот суд на правдата, откако Јужна Африка покрена тужба против Израел, Нетанјаху го нарече лицемерен напад и најголемото морално ниско ниво во историјата на народите.