Има заинтересирани за изградба на гасоводот до Грција, вели Бектеши
Земјава нема да зависи само од рускиот гас, има заинтересирани за изградба на гасоводот до Грција, министерот за економија Бектеши во интервју за Радио Слободна Европа, вели се бара и инвеститор за две гасни централи...

Има многу заинтересирани фирми за изградба на гасоводот до Грција, вели министерот за економија во интервју за РСЕ.
Според Бектеши, ова значи дека земјава нема да зависи само од рускиот гас. Моментално се бара инвеститор за две гасно водородни централи.
Први февруари е рокот за пријава на заинтересираните страни за изградба на интерконекторот со Грција – вели Бектеши
„До сега има многу компании кои се заинтересирани и меѓународни и домашни и јас сум убеден дека тоа ќе биде успешен процес со кој би отпочнала изградбата околу март и е предвидено во рок не повеќе од 18 месеци ние да имаме целосно нова гасоводна мрежа. Тоа како држава ќе ни ја зголеми сигурноста во снабдувањето и нема да сме зависни само од Русија и Бугарија“, истакна Бектеши.
Бектеши вели и дека се предвидува, дополнително да се користи модел јавно приватно партнерство и во Осломеј каде би можело да се развие и топловодна мрежа за Кичево, слично на Скопје.
ТЕЦ Неготино се планира да се конвертира во гасна и водородна централа, посочува министерот. Вели веќе е донесена одлука да се достави писмо за интерес на нашите соседни држави. Се предвидува да има голем капацитет со над 600 МВ часови каде би се вклучиле нашите соседи особено од Западен Балкан“, најави министерот за економија.
Марина Стојанова-Тонева
