Потреба од долгорочни мерки за справување со аерозагадувањето
Благодарение на времето, воздухот во Битола деновиве се исчисти. Но аерозагадувањето во градот е повеќегодишен проблем, којшто бара системско решавање со преземање долгорочни мерки велат од општината. Како најголем проблем е немањето на градско парно, па граѓаните и институциите се принудени да се греат на дрва, нафта и мазут...

Најголем фактор за загадениот воздух во Битола е тоа што нема градско парно за греење, па и оваа зима големиот дел од домаќинствата ќе продолжат да ги затоплуваат своите домови на дрва, нафта и мазут кои се едни од најголемите загадувачи, покрај греењето и индустријата и сообраќајот се дел од загадувачите, посочуваат граѓаните.
Локалната самоуправа во изминатите две години преку проекти за енергетска ефикасност, субвенционирање на инвертер уреди, велосипеди, како и раззеленување на градот работи на намалување на аерозагадувањето, но ова се краткорочни мерки, велат проблемот е долгогодишен и системски, и за негово решавање потребно е општината и државата заедно да работат за преземање мерки на долгорочен план.
Општина Битола е еден од четирите градови кои со поддршка од 10 милиони евра, средства од Европската унија ќе биде дел од проектот „ ЕУ за чист воздух“ преку кој ќе се работи на подобрување на квалитетот на воздухот.
Александра Максимовска
