Хуманитарно дружење на „Василичарите од Боемска“
„Василичарите од Боемска“ со хуманитарно дружење во Дебар Маало, по повод празникот Василица. Собраните средства ќе ги донираат на социјално загрозените...

Василичарите од Боемска улица во скопско Дебар Маало организираа хуманитарно дружење по повод празникот Василица.
Василичарската средба е во духот на празниците да си помагаме и да бидеме солидарни и хумани. Традицијата почната лани со кршење погача за кумството за Василица продолжи и оваа година. Минатогодишниот кум повторно ја извлече паричката и го продолжи кумството.
Сите средства од продажбата на македонските традиционални јадења, грејана ракија и греено вино се наменети за социјално загрозените семејства.
Василичарите од Боемска ќе продолжат да организираат василичарска хуманитарна дружба.
Ирина Гелевска
