Кина „остро ја осудува“ изјавата на САД за изборите во Тајван
Кина остро ја осуди реакцијата на Соединетите Американски Држави, кои му ја честитаа победата на Лаи Чинг-те на претседателските избори во Тајван...

Кина остро ја осуди реакцијата на Соединетите Американски Држави, кои му ја честитаа победата на Лаи Чинг-те на претседателските избори во Тајван. Лаи Чинг-те, кој се залага за независност на Тајван и вети дека ќе му се спротивстави на Пекинг и ќе бара преговори, за Кина претставува сепаратист.
„Принципот на една Кина е цврсто сидро за мир и стабилност во Тајванскиот теснец. Ние веруваме дека меѓународната заедница ќе продолжи да се придржува до принципот една Кина и ќе ја разбере и поддржува правичната кауза на кинескиот народ да се спротивстави на сепаратистичките активности на „независноста на Тајван“ и да се стреми да постигне национално обединување“, рече Џи Менг, презентер на кинеската ТВ.
По победата на Чинг-те, Тајван ја повика Кина да се соочи со реалноста и да се откаже од како што велат – репресијата врз Тајван.
