Исланд
Поради будењето на вулкан на Исланд евакуирани илјадници луѓе
14.01.2024 16:48
Се очекува сите 4.000 жители да го напуштат Гриндавик до понеделник вечер, по што ќе им биде забрането враќање во градот во следните три недели, соопшти полицијата...

Се очекува сите 4.000 жители да го напуштат Гриндавик до понеделник вечер, по што ќе им биде забрането враќање во градот во следните три недели, соопшти полицијата.
Подрачјето во близина на активниот вулкан и понатаму се смета за опасно по ноемврискиот земјотрес, со зголемен ризик од вулкански ерупции, според проценката на ризикот на експертите за цивилна одбрана.
Градот веќе беше евакуиран поради низата земјотреси претходните недели кои предизвикаа голема штета, вклучувајќи длабоки пукнатини на улиците.
