Северна Кореја
Северна Кореја истрела балистичка ракета
14.01.2024 16:50
Северна Кореја испукала неидентификуван балистички проектил кон Источното Море, соопштија јужнокорејските власти...

Северна Кореја испукала неидентификуван балистички проектил кон Источното Море, соопштија јужнокорејските власти.
На испукувањето му претходеа и артилериски вежби со боева муниција кои Пјонгјанг ги одржа во близина на поморската граница со Јужна Кореја.
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун истакна дека Јужна Кореја е нивниот главен непријател.
