Исланд
По ерупцијата на вулканот лавата стигна до првите куќи на градот Гриндавик
14.01.2024 19:16
Во југозападниот дел на Исланд еруптираше вулкан во близина на рибарскиот град Гриндавик...

Во југозападниот дел на Исланд еруптираше вулкан во близина на рибарскиот град Гриндавик. Сите жители од градот претходно беа евакуирани поради обновената вулканска активност во областа. Локалните медиуми јавуваат дека лавата стигнала до периферијата на градот и ги зафатила првите куќи.
По ерупцијата на вулканот, првично не било јасно од каде точно доаѓа лавата и во која насока тече.
Ова е втора вулканска ерупција на полуостровот Рејкјанес во југозападен Исланд за еден месец и петта од 2021 година. Ерупцијата од минатиот месец не го зафати градот Гриндавик иако сите жители претходно беа евакуирани.
Исланд има повеќе од 30 активни вулкани.
