Втор пораз на ЕП, македонските ракометари немоќни пред Германија
Македонската ракометна репрезентација го запиша вториот пораз на Европското првенство. Ракометарите на Македонија загубија од домаќинот Германија со 25-34...

Македонската ракометна репрезентација го запиша вториот пораз на Европското првенство. Ракометарите на Македонија загубија од домаќинот Германија со 25-34.
Германија уште на стартот почна со силно темпо, поведоа со 5-2, но ние вративме со два гола во серија и дојдовме на еден негатива. Но, доближувањето на резултатот беше само предупредување за Германците кои брзо се одлепија, дојдоа и до седум гола разлика 16-9, на одморот се замина со 18-13 за нив. Во вториот дел Германија продолжи да има целосна контрола на мечот.
Следниот натпревар на Македонија е во вторник од 18 часот против Швајцарија.