Временска прогноза
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд
15.01.2024 08:21
Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, особено изразен долж Повардарието...

Променливо облачно претежно во западните делови со повремени врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег, а на некои пониски места краткотрајно врнежите од дожд ќе преминат во снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, особено изразен долж Повардарието.
Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до -10, а максималната ќе достигне 8 степени.
Во Скопје променливо облачно со слаб ветер од променлив правец и услови за појава на краткотраен дожд.
