Собрание

Прва собраниска седница во 2024

15.01.2024 08:33

На дневен ред на 138-та седница се повеќе од дваесет точки, претежно закони по скратена постапка...

Пратениците денеска ќе ја почнат првата седница за годинава. На дневен ред на 138-та седница се повеќе од дваесет точки, претежно закони по скратена постапка. Пратениците треба да ги разгледаат дополнување на Законот за државното правобранителство, Предлог-закон за административни службеници, Предлог-закон за вработените во јавниот сектор, измени и дополнувања на Законот за електронско управување и електронски услуги.

На деневен ред се и Предлог-закон за гаранција на обврските по Договорот за заем за дополнително финансирање на проектот за надградба и развој на патишта, кој ќе се склучи меѓу Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка и Јавното претпријатие за државни патишта.

Пратениците ќе дебатираат и за Предлог – национална стратегија за развој на културата со акциски план за периодот 2023-2027 година, како и за Предлог на одлука за давање согласност на годишна програма за работа и развој на Агенцијата за цивилно воздухопловство.