Деветчлено семејство живее од сточарство

08.06.2014 16:55

Семејството Дуковски планира дваесетте кози да ги зголеми, да го прошират бизнисот да земат уште субвенции...

Вредните раце на 43 годишната Афродита од селото Лактиње изгледаа седум деца. Има пет ќерки и два сина. Сточарството и овозможи пристоен живот, вели горда е што живее на село.

Бере печурки и други шумски плодови се што може да го подобри домашниот буџет.

„Се што ни е изградено и куќата и шталата е изградено од сточарството ,има приход и не треба да се жали никој.Треба сите да се вратат“, вели Афродита Дуковска, сточар.

Дома го најдовме само Никола тој е најмалото дете. Негови врсници во селото се бројат на прсти.

„Мачиња ги галам зошто немаат мајка“ – вели петгодишниот Никола.

Другите деца на Афродита се школуваат во градот. Тие ќе бидат идни лекари, полицајци и попови. Најголемата ќерка има 24 години.

„За децата да се воспитаат треба да одвоиме време и не треба да бидеме себични, тоа е љубовта, а не материјалното“, вели Афродита Дуковска.

Семејството Дуковски планира дваесетте кози да ги зголеми, да го прошират бизнисот да земат уште субвенции - со надеж дека некое од децата ќе остане на татковото огниште.

Дијана Ценевска