Стопанска комора

Стопанската комора ќе промовира Центар за микро, мали и средни претпријатија

15.01.2024 09:18

Стопанската комора на Северна Македонија денеска ќе го промовира Центарот за микро, мали и средни претпријатија. Целта на Центарот, како што посочуваат, е поддршка и развој на економската активност за потребите на компаниите...

Стопанската комора на Северна Македонија денеска ќе го промовира Центарот за микро, мали и средни претпријатија. Целта на Центарот, како што посочуваат, е поддршка и развој на економската активност за потребите на компаниите, чија улога ќе биде во интерес на оваа група правни субјекти да обезбеди сет услуги и поддршка за нивно непречено функционирање.

На промоцијата на новоформираниот Центар со тема: Комората со нова алатка за поддршка на развојот на микро, малите и средни претпријатија, ќе говорат извршниот директор на Комората, Антони Пешев и претседателката на Центарот, Габриела Кулебанова.