давос

Во Давос почнува Светскиот економски форум

15.01.2024 09:26

Во фокус на разговорите ќе глобалната безбедност, создавањето нови работни места, климатските промени и развојот на вештачката интелигенција...

Во Давос денеска почнува Светскиот економски форум каде што ќе се собере светската бизнис елита и шефовите на држави од десетици земји во светот. Во фокус на разговорите ќе глобалната безбедност, создавањето нови работни места, климатските промени и развојот на вештачката интелигенција.
 
На форумот во Давос учествува и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенбер кој ќе се обрати на панел дискусијата Осигурување на несигурниот свет.
 
И делегација на Европската комисија предводена од претседателката Урсула фон дер Лајен најави учество на Светскиот економски форум. Фон дер Лајен ќе се обрати на отворањето на форумот во Давос.