Упати базирани на медицински докази за соодветен третман на пациентите

08.06.2014 17:00

Со 735 медицински упатсва базрирани на докази ќе се намалат последиците по здравјето на пациентите, но и одговорноста на пациентите. Најчесто овие упатсва се во делот на препишаната терапија. Според овие упатсва се лекуваат пациентите во развиентите земји...

Воспаление на средното уво е честа појава кај децата. Медицината базирана на докази покажува дека давањето на антибиотици може да помогне, но се лекува и без нивна примена- со капки за уво. Во минатото многу лекари препишувале долготраен антибиотски третман- тоа го барале и родителите.

Упатствата базирани на докази препорачуваат пред антибиотската терапија да се внимава на клиничката слика, желбата на родителите и несаканите ефекти. Честопати во јавноста се јавуваат дилеми дали пациентот имал соодветен третман или не.

„Упатствата имаат два позитивни апсекти, првиот е дека се подигнува нивото на лекувањето, затоа што се намалува можноста од лекарска грешка, а вториот е го штити лекарот од било какви гонења за евентуална лекарска грешка. Лекарот никогаш не е виновен доколку постапил целосно по упатството кое што е базирано на медицина базирана на докази“, изјави министерот за здравство, Никола Тодоров.

735 медицински упатсва веќе се ажурирани.Идејата е на ист начин да бидат третирани пациентите за одредена болест. Дел од овие упатства веќе се применуваат кај нас. На овој начин се лекуваат пациентите во најразвиентите здравствени системи.

Андријана Атанасовска