Денвер славеше против Индијана

15.01.2024 10:52

Никола Јокиќ го заврши дуелот со 25 поени, 12 скока и 9 асистенции и му фалеше само уште едно успешно додавање за нов трипл-дабл...

Денвер стигна до уште една победа во НБА лигата откако со 117:109 синоќа ја совлада Индијана. Никола Јокиќ го заврши дуелот со 25 поени, 12 скока и 9 асистенции и му фалеше само уште едно успешно додавање за нов трипл-дабл. Мареј и Портер од редовите на Денвер имаа по 25 поени. Одличен беше и Гордон со 20 поени и 10 скокови.

Кај поразената Индијана, Брус Браун постигна 18 поени со 10 скока и шест асистенции, Бади Хилд запиша 16 поени, а по 12 Ајзеа Џексон, Бенедикт Матурин и Ендрју Небхард.

Денвер стигна до 28-ма победа сезонава и има 13 порази, а Индијана Пејсерс има 23-16 и е шеста на Истокот.

 

Фото: Х/ Денвер Нагетс