Нов протест на германските земјоделци
Владата делумно попушти, наведувајќи дека ќе се задржи ослободувањето од данок на земјоделските возила и дека ќе се укине намалувањето на даночните олеснувања за дизелот во текот на три години.

Германските земјоделци на нов протест пред Бранденбуршката порта во Берлин, со барање да се преиспитаат плановите за воведување повисоки даноци за земјоделците. Асоцијацијата на фармери соопшти дека сè уште инсистира на целосно повлекување на владиниот план.
Германските земјоделци изминатиот понеделник почнаа со блокади на патиштата во делови на земјата. Се противат на планот за прекин на даночните олеснувања за купување дизел.
Владата делумно попушти, наведувајќи дека ќе се задржи ослободувањето од данок на земјоделските возила и дека ќе се укине намалувањето на даночните олеснувања за дизелот во текот на три години.
