„Гурман фест“: Гурмански почеток на туристичката сезона во Дојран
„Гурман фест“ е обид да се поттикнат дојранските угостители на своето мени да нудат традиционални рецепти, кои ќе бидат мотив плус гостите да дојдат во Дојран, сметаат локалните власти...

Гурмански почеток на туристичката сезона во Дојран. Старите традиционални рецепти подготвени од дојранските домаќинки ги пречекаа гостите на вториот по ред „Гурман фест“. Празник за очите, но и за стомакот и едно несекојдневно гурманско уживање. Домаќините и гостите задоволни од подготвеното.
Жените од Здружението „Дојрана“ ја подготвија трпезата. Велат дека тоа се рецепти кои ги научиле од нивните баби и прабаби. Автентичниот кулинарски идентитет на Дојран не смее да биде заборавен, велат тие.
„Гурман фест“ е обид да се поттикнат дојранските угостители на своето мени да нудат традиционални рецепти, кои ќе бидат мотив плус гостите да дојдат во Дојран, сметаат локалните власти.
Манифестацијата „Гурман фест“ беше збогатена и со староградски дојрански мотиви и занаети кои Дојран со години наназад ги негувал.
За забавната програма се погржија македонските естрадни ѕвезди.
Катерина Давчева
