НАТО
20.000 британски војници, воени бродови и авиони ќе учествуваат во вежба на НАТО
15.01.2024 11:18
Вежбата „Непоколеблив бранител-24“ ќе ја одбележи 75-годишнината од Алијансата...

20.000 припадници на британската војска, воени бродови, подморници и борбени авиони ќе учествуваат во голема вежба на НАТО. 16.000 британски војници ќе бидат стационирани во источна Европа од февруари до јуни, како и ударна група носачи на авиони, борбени и авиони за набљудување.
Вежбата „Непоколеблив бранител-24“ ќе ја одбележи 75-годишнината од Алијансата. НАТО го зголеми бројот на борбено подготвени војници откако Русија ја нападна Украина пред речиси две години.
