НОБ

„Кавалерија рустикана“ на сцената на Национална опера и балет

15.01.2024 11:37

„Кавалерија рустикана“ е оперски бисер натопен во страст и со одмазда како главен движечки мотив и еден од најомилените и најизведуваните оперски наслови до ден-денес на светските оперски сцени...

На 26-ти јануари со почеток во 20 часот, на сцената на Националната опера и балет, ќе се изведе операта „Кавалерија рустикана“, едно од најуспешните дела од италијанскиот композитор Пјетро Маскањи.

„Кавалерија рустикана“ е оперски бисер, натопен во страст и со одмазда како главен движечки мотив и еден од најомилените и најизведуваните оперски наслови до денес на светските оперски сцени. 

Изведбата во НОБ ќе биде под диригентската палка на гостинката од Украина, Оксана Мадараш, а во режија на Џандоменико Вакари од Италија. Сценограф е Зоран Николовски, костимограф е Елена Дончева, концерт-мајстор е Верица Ламбевска, хор-мајстори Ѓургица Дашиќ и Јасмина Ѓорѓеска.

Настапуваат Сандра Митровска во улога на Сантуца, Зоран Сотиров како Туриду, Ристе Велков како Алфио, Катерина Стојановска во улогата на Лола, Марика Поповиќ како Мајка Лучија, во придружба на хорот и оркестарот од Националната опера и балет.