Влада

Премиерот Ковачевски во работна посета на Виена

15.01.2024 11:38

Во рамки на посетата, премиерот Ковачевски ќе одржи работна средба со генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Шмид...

Денеска претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски е во работна посета на Виена, Австрија.

Во рамки на посетата, премиерот Ковачевски ќе одржи работна средба со генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Шмид, на која ќе се разговара за завршеното успешно претседавање на Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година, како и за придонесот на нашата држава за севкупната европска безбедност и стабилност.