Пратениците се вратија во собраниските клупи

Се очекува политичка разврска за техничката влада

15.01.2024 12:13

До крајот на неделава, или најдоцна по Водици, премиерот Ковачевски, собранискиот спикер Џафери и дел од министрите кои нема да бидат дел од преодната влада за спроведување на изборите треба да ги депонираат оставките.

По празниците, пратениците се вратија во собраниските клупи. Прва пленарна седница во новата година. Следниве денови се очекува политичка разврска за техничката влада. До крајот на неделава, или најдоцна по Водици, премиерот Ковачевски, собранискиот спикер Џафери и дел од министрите кои нема да бидат дел од преодната влада за спроведување на изборите треба да ги депонираат оставките.

Џафери потоа ќе се пресели во премиерската фотелја на „Илинденска број два“. Новата техничка влада којашто тој ќе ја предводи треба да почне со работа на 28-ми јануари, а претходно ќе се вика седница за нејзин избор.

Кадрите на СДСМ во преодната влада се познати, ВМРО-ДПМНЕ треба да пресече.

Прв меѓу еднаквите во законодавниот дом ќе биде координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митревски.

Изборите треба да бидат распишани кон средината на февруари.