САД

Трамп и републиканските противкандидатите се соочуваат во Ајова

15.01.2024 14:15

На повеќе од 1.500 локации, републиканските гласачи ќе ја изразат поддршката за кандидатите, во време кога државата ја зафати екстремен студ...

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп и републиканските противкандидатите се соочуваат во Ајова, сојузната држава каде што почнуваат партиските прелиминарни избори.

На повеќе од 1.500 локации, републиканските гласачи ќе ја изразат поддршката за кандидатите, во време кога државата ја зафати екстремен студ. Републиканската трка, потоа се движи од држава во држава сè додека не се утврди кандидатот кој најверојатно ќе го предизвика актуелниот демократски претседател, Џо Бајден, на изборите во ноември.

Анкетата објавена викендов покажува дека Трамп води со речиси 30 процентни поени пред Ники Хејли, поранешната американска амбасадорка во Обединетите нации.