Резултатите од инспекцијата во М-НАВ ќе се знаат за една недела
Државниот инспекторат за труд ги чешла вработувањата во Македонска навигација. Одземена е обемна документација. Меѓу ангажираните има и роднини на министри…

Инспекторите за труд по при контролите во М-НАВ одзеле документација за 21 вработување, од кои 17 вработени веќе активно работат, потврди директорката на Државниот инспекторат, Весна Томовска. Според неа, документацијата е обемна и на инспекторите ќе им треба време за оценка, дали вработувањата се законски или не. Дополнителен сомнеж во јавноста отворија информациите дека меѓу вработените има и роднини на актуелни министри.
Ова е прва инспекција направена во М-НАВ од постоењето на оваа институција, објави директорката на инспекторатот. Направена е по барање на Владата, иако инспекторатот и по доспеан глас може да направи инспекција откако друштвото изминатиов период го тресат низа скандали.
Инспекторите од Државниот инспекторат за труд треба да ги соопштат резултатите од инспекцијата во М-НАВ за една недела.
Ирина Гелевска
