Спречена измама со поврт на ДДВ
Управата за јавни приходи откри шема на три нафтени компании, кои преку креирање фиктивни фактури пробале да испумпаат пари од државната каса. Се обиделе да го оштетат Буџетот за над 2,5 милиони евра. Даночниците поднесоа пријави…

Разбиена група која преку фиктивни фактури планирала да испумпа 160 милиони денари преку поврат на ДДВ. Станува збор за три компании од Куманово и Липково кои работеле со трговија на нафта. Навремената даночна контрола спречила парите да бидат исплатени и Буџетот не е оштетен, вели директорката Лукаревска. Првиот сомнежот дека има неправилности почнал во моментот кога се менувала сопственичката структура. Од двајца Македонци управители набрзо сопственици на фирмите стануваат државјани на Хрватска и Косово. Заедничко за трите даночни обврзници е користењето на истото сметководствено биро, немале лиценца од РКЕ за вршење на дејноста, помалку пресметувале и плаќале ДДВ.
Директорката Лукаревска откри дека првата компанија имала фиктивно седиште, имала залихи, а немала бензиска, ниту складиште. Втората компанија немала вработени, бензиска и складиште, додека третата преку поврат на ДДВ пробала да испумпа 54 милиони денари.
Доказите и пријавите од ноември УЈП ги доставило до Основното јавно обвинителство, МВР и Финансиската полиција. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ пред неколку дена го објавија случајот. Опозицијата бара Лукаревска јавно да ги објави имињата на компаниите кои според партијата биле блиски до власта.
Викторија Милевска
