Култура

„Почеток“ - нов концерт на оркестарот на Филхармонија

15.01.2024 14:59

На концертот насловен „Почеток“ како солист ќе настапи македонскиот кларинетист Здравко Ангелов, а диригент е маестро Алфонсо Скарано од Италија.

Овој четврток, со почеток во 20 часот, оркестарот на Македонската филхармонија ќе го одржи првиот концерт во вториот дел од концертната сезона „80 години – Љубов!“.

На концертот насловен „Почеток“ како солист ќе настапи македонскиот кларинетист Здравко Ангелов, а диригент е маестро Алфонсо Скарано од Италија.

На програмата се симфониска поема „Ноќ на голото брдо“ и суитата „Слики од изложба“ од Модест Мусоргски, а премиерно ќе биде изведена и Сонатата бр. 1 за кларинет и симфониски оркестар од Јоханес Брамс во аранжман на Лучано Берио.