Русија

Силен земјотрес го затресе регионот околу Бајкалското Езеро во Русија

15.01.2024 20:13

Земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Русија...

Земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Русија.

Според податоците на EMSC, земјотресот е регистриран во близина на Бајкалското Езеро, на 74 километри од Курумкан.

Засега нема информации за материјална штета или евентуални жртви.

Земјотресот бил почувствуван и во Иркутск, кој е на најмалку 400 километри од епицентарот.