СЗО бара 1,5 милијарди долари за итна здравствена помош во 2024 година
Здравствената агенција на ОН (СЗО) денеска соопшти дека ѝ се потребни 1,5 милијарди долари во 2024 година за спасувачка помош на десетици милиони луѓе заробени во здравствени итни случаи, вклучително и во Украина и Газа...

Здравствената агенција на ОН (СЗО) денеска соопшти дека ѝ се потребни 1,5 милијарди долари во 2024 година за спасувачка помош на десетици милиони луѓе заробени во здравствени итни случаи, вклучително и во Украина и Газа.
Светската здравствена организација предупреди дека на речиси 300 милиони луѓе во светот се очекува да им биде потребна хуманитарна помош и заштита оваа година.
Меѓу нив, „околу 166 милиони луѓе ќе имаат потреба од хуманитарна здравствена помош за спасување на живот“, рече шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, на настанот за промоција во Женева.
