Украина

Швајцарија се согласи да биде домаќин на мировниот самит на барање на Зеленски

15.01.2024 22:14

Владата на Швајцарија денеска соопшти дека се согласила со барањето на украинскиот претседател Володимир Зеленски, земјата да биде домаќин на глобалниот мировен самит за Украина...

 Владата на Швајцарија денеска соопшти дека се согласила со барањето на украинскиот претседател Володимир Зеленски, земјата да биде домаќин на глобалниот мировен самит за Украина.

– На барање на украинскиот претседател, Швајцарија се согласи да биде домаќин на самитот за мировна формула. Сега се разработуваат други детали, се наведува во соопштението на швајцарската Влада.

Зеленски на заедничката прес-конференција со претседателката на Швајцарија, Виола Амхерд не прецизира кој ќе учествува на мировниот самит.