Влада
Премиерот Ковачевски во посета на Шуто Оризари
16.01.2024 08:04
Премиерот Ковачевски ќе присуствува и ќе има свое обраќање на потпишување на договор помеѓу УНДП и општина Шуто Оризари, за изградба на Ресурсен Центар за повратници и други ранливи категории на граѓани, кој ќе биде прв од ваков вид кај нас...

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска ќе ја посети општина Шуто Оризари. Премиерот Ковачевски ќе присуствува и ќе има свое обраќање на потпишување на договор помеѓу УНДП и општина Шуто Оризари, за изградба на Ресурсен Центар за повратници и други ранливи категории на граѓани, кој ќе биде прв од ваков вид кај нас.
Како што соопштуваат од владината прес-служба, после официјалното потпишување на договорот, предвидени се одговори на новинарски прашања.
