Состанок на Комисијата за заразни болести за состојбата со грипот
Пред Комисијата за заштита од заразни болести, состојбата со грипот и дали зголемениот број пациенти и метежот во амбулантите и во болниците се алармантни или е вообичаена состојба...

Пред Комисијата за заштита од заразни болести, состојбата со грипот и дали зголемениот број пациенти и метежот во амбулантите и во болниците се алармантни или е вообичаена состојба за овој период од годината. На седницата ќе се решава и дали ќе има и препораки до населението.
Министерот за здравство Меџити вели, состојбата се следи и нема простор за вознемиреност кај граѓаните. Вчера, петта жртва од грип сезонава. На инфективна починал пациент поради компликации, а имал и тешка хронична болест. Според извештајот на Институтот за јавно здравје, минатата недела на пулмологија од грип починале двајца пациенти.
На крајот на 2023 година, двајца болни ја изгубија битката со вирусот во штипската болница.
