ПАРТИИ

СДСМ: ОЈО да отвори предмет за злоупотребата на парите од општините под капата на ДПМНЕ

16.01.2024 09:24

Според јавно достапни документи општина Битола за речиси 50.000 евра набавила машина за бележење хоризонтална сигнализација. Иста машина набавила општина Велес по цена од 40.000 евра. Овие цени се 3 до 5 пати повисоки од реалните, велат од партијата.

Надлежното Јавно обвинителство да постапи и да ги истражи сомнителните јавни набавки со астрономски цени во општините под капа на ДПМНЕ. Новата афера на градоначалниците на ДПМНЕ кои купувале неколкупати поскапи машини од реалната цена мора да се расчисти, соопштуваат од СДСМ.

Според јавно достапни документи општина Битола за речиси 50.000 евра набавила машина за бележење хоризонтална сигнализација. Иста машина набавила општина Велес по цена од 40.000 евра. Овие цени се 3 до 5 пати повисоки од реалните, велат од партијата.

Општина Илинден и многу други општини набавиле таква машина по три пати пониска цена од астрономските, кои се платени во општините Велес и Битола. Прашањето е во чии џебови завршила разликата? Одговорност за злоупотреба на парите на граѓаните мора да има- стои во соопштението од СДСМ.