Косово

Две лица се повредени синоќа откако експлодирала рачна бомба во Северна Митровица

16.01.2024 09:36

Експлозијата се случила нешто пред полноќ на улицата „Кнез Милош“, во непосредна близина на мотелот „Бишевац“...

Во Северна Митровица две лица се повредени синоќа откако експлодирала рачна бомба.

Експлозијата се случила нешто пред полноќ на улицата „Кнез Милош“, во непосредна близина на мотелот „Бишевац“, јавува Косово онлајн. Како што потврди заменик-полицискиот командир, повредени се две лица, а оштетени се и неколку автомобили. Полициски екипи се на терен и дека повеќе детали ќе се знаат подоцна.

Присутни се полицијата и патролите на КФОР. Во експлозијата се оштетени неколку возила.

Причината за нападот сè уште се истражува, потврди за Косово онлајн заменик командантот на полицискиот командант за северниот регион, Ветон Ељшани.