МНР: Забранетото македонско знаме на „Австралија Опен“ било ненамерна грешка
По добиените информации за пропустот поврзан со истакнувањето на официјалното знаме на Република Северна Македонија на тенискиот турнир „Австралија Опен“, Министерството за надворешни работи, преку амбасадата во Канбера, веднаш реагирало до Министерството за надворешни работи и трговија на Австралија, како и до организаторот на турнирот, „Австралија Опен“...

По добиените информации за пропустот поврзан со истакнувањето на официјалното знаме на Република Северна Македонија на тенискиот турнир „Австралија Опен“, Министерството за надворешни работи, преку амбасадата во Канбера, веднаш реагирало до Министерството за надворешни работи и трговија на Австралија, како и до организаторот на турнирот, „Австралија Опен“, соопштија од МНР.
„Оттаму добивме уверување дека се работи за ненамерен пропуст – техничка грешка која е веднаш исправена и која не предизвикала ефективни ограничувања. Беше испратено длабоко извинување и уверување дека инцидентот нема да влијае врз силните врски помеѓу граѓаните на Австралија и Северна Македонија, кои се карактеризираат со пријателство и љубов кон спортот“. велат од МНР.
Организаторот појаснил дека согласно важечките правила, на трибините за време на натпреварите на турнирот дозволено е да се веат само знамиња на учесниците на натпреварот; воедно, од МНР велат дека добиле и потврда, дека за време на учеството на нашата натпреварувачка Илина Ѓорчевска, официјалното знаме на земјава било присутно на трибините меѓу гледачите без никакви ограничувања.
