КОРЕЈСКИ ПОЛУОСТРОВ

Ким Џонг Ун побара промена на Уставот, Јужна Кореја да се прогласи за непријателска држава

16.01.2024 11:04

Во говор во парламентот, Ким рече дека повеќе не верува во можно обединување на двете Кореи и предупреди дека нема намера да избегне војна доколку таа се случи...

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун побара промена на Уставот на земјата во кој Јужна Кореја би била означена како непријателска држава број еден. Во говор во парламентот, Ким рече дека повеќе не верува во можно обединување на двете Кореи и предупреди дека нема намера да избегне војна доколку таа се случи. Го обвини Сеул за обиди за уривање на режимот во Пјонгјанг.

Тензиите на Корејскиот полуостров се влошија во изминатите месеци, откако Пјонгјанг лансираше серија балистички проектили и шпионски сателит, а Сеул организираше воени вежби со САД.