Македонските ракометари со натпреварот против Швајцарија го завршуваат настапот на Европското првенство
Македонците кои се без ниту теоретски шанси за да ја поминат групата, посакуваат со позитивен резултат да го завршат ЕП и како третопласирани во групата да си обезбедат подобра позиција во мундијалските квалификации.

Македонската ракометна репрезентација денеска го има својот последен настап на Европското првенство во Германија. Противник ни е селекцијата од Швајцарија.
Македонските ракометари имаа два убедливи порази од силните селекции на Франција и Германија, додека Швајцарците успеаја да им откинат бод на фаворизираните Французи.
Од А-групата, Германија веќе обезбеди пласман во следната фаза, додека Франција само чудо може да ја спречи да не оди понатаму. Швајцарците ќе се надеваат на победата над Македонија со голема разлика, па со евентуална подобра гол-разлика да ги поминат на табелата.
Македонците кои се без ниту теоретски шанси за да ја поминат групата, посакуваат со позитивен резултат да го завршат ЕП и како третопласирани во групата да си обезбедат подобра позиција во мундијалските квалификации.
Натпреварот ќе се игра во Берлин вечер со почеток во 18 часот. Од 20:30 часот третото коло во А-групата ќе го заокружат Франција и Германија.