САД

Студен бран го зафати поголемиот дел од САД, откажани илјадници летови

16.01.2024 11:13

Арктичкиот студ постави рекордно ниски температури во делови од земјата и се заканува дополнително да го наруши секојдневниот живот...

Илјадници летови се одложени или откажани поради студениот бран што го зафати поголемиот дел од САД. Арктичкиот студ постави рекордно ниски температури во делови од земјата и се заканува дополнително да го наруши секојдневниот живот.

Од Националната метеоролошка служба велат дека се очекува ветерот дополнително да влијае на ниската температура. Досега се регистрирани најмалку четворица жртви и прекини на електричната енергија.