Сао Пауло целосно блокиран три дена пред Мундијалот
Најголемиот град во Бразил, Сао Пауло, каде што за три дена почнува Мундијалот, е целосно блокиран од антивладините демонстранти. Третина од метрото е затворено, што доведе до создавање на колони автомобили долги и до 250 километри. На повеќе места полицијата и демонстрантите се судираат со камења и солзавец.

„Што мислиме кога велиме дека нема да има Првенство? Ќе има натпревари, но додека луѓе умираат во болниците, а училниците се претрупани, нашата влада само сака да изгледа убаво на сликата“, Лорена Фелиса, професорка.
Синдикатите и работодавците не постигнаа договор за зголемување на платите, а претседателката Русеф се закани дека нема да дозволи да се нарушат натпреварите.